Во време на зголемување на радикализацијата и насилен екстремизам во Европа, улогата на едукациски, интеркултурен и интеррелигиски дијалог е од голема важност за промовирање на почит кон различностите, која ќе предизвика мирен соживот.

Младинската размена има за цел да создаде позитивни искуства за интеркултурни средби кои ќе помогнат во превенција на радикализација и  промоција на разбирање, соработка и заедничка почит, потребни за квалитетно взаемно живеење.

Проектот ќе соедини 42 млади од Северна Македонија, Чешка, Шпанија, Полска,  Грција, Италија и Турција од 12ти до 20ти октомври 2021 година во Отроковице, Република Чешка.

Профил на учесници:

  • Млади на возраст од 18 до 30 години заинтересирани на темата
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Можност за присуство на сите денови од размената
  • Вакцинирани со Фајзер или друга вакцина признаена од ЕУ, и поминати 14 дена од ревакцинација

Домаќин организацијата обезбедува сместување, храна и трошоци за пат во висина од 275 евра.

Повеќе информации за проектот може да најдете во следниот инфо-пакет.

Сите заинтересирани можат да аплицираат со пополнување на следната апликација.

Рок на пријавување: 03.10.2021 година

Доколку имате дополнителни прашања може да не контактирате на [email protected]

* Селектираните учесници треба да подмират sending fee во висина од 500 денари односно 250 денари доколку се членови на Младите можат.