Сакаш да доживееш ново искуство во твојот живот? Подготвен/а си да започнеш ново поглавје кое ќе ти донесе нови искуства? Сметаш дека одлично ќе се снајдеш во работа со деца? Или едноставно сакаш да видиш каков е животот надвор од границите на нашата држава?

Ова е одлина можност за тебе. Веруваме дека не сакаш да пропуштиш вакво незаборавно искуство.

👇Отворен е повик за ЕСК во Полска👇

📍Каде? Во централна Полска, во градот Kielce.

👤Кој? Сите заинтересирани на возраст од 18 до 30 години

🗓️Колку долго? 10 месеци (пристигнувањето во Полска е планирано за почетокот на месец Ноември)

📋Слободни места? 3

Ти гарантираме многу забава и незаборавно искуство. Ќе имаш можност да работиш во градинки, основни училишта, организации кои истражуваат и ја промовираат културата. Ќе имаш можност да соработуваш со локалната заедница и да спроведуваш општествено одговорни активности.

Повеќе информации можеш да прочиташ во 👉 инфо-пакетот.

Како да аплицираш?

  1. Пополни ја апликацијата.
  2. Испрати CV и мотивациско писмо на [email protected] и [email protected]

Рокот за аплицирање е до 24.10.2021 (23:59)

Ако имаш некои прашања или ти недостасува некоја информација, слободно пиши ни.

Погледни ги следните видеа и дознај повеќе за ЕСК.