Сакаш практично искуство за тоа што го учиш? Или пак сакаш на еден ден да ја искусиш професијата од твоите соништа? А можеби едноставно ти треба промена од вообичаеното училишно или студентско секојдневие…

Веќе 12 години активно работиме со млади како тебе, млади кои имаат желба да работат на својот личен раст и развој, еден од проектите преку кои се трудиме да го оставриме тоа е Social Day. Преку Social Day, на 10 ноември ќе ти овозможиме еден училишен/студентски ден да го замениш работејќи на одредена позиција во некоја компанија/институција/организација и при тоа дневницата што ќе ја добиеш ќе биде донирана во младинскиот фонд кој што поддржува младински иницијативи за твој личен раст и развој.

Што е тоа што ти го добиваш доколку учествуваш на Social Day?

На самиот ден ти ќе стекнеш практично искуство и ќе добиеш претстава како изгледа еден работен ден во рамки на професијата што ќе ја одбереш, а при тоа преку донирање на твојата дневница заедно со компанијата/институцијата/организацијата каде што ќе работиш имаш можност да промовираш општествена одговорност во твојата заедница.

Но, можностите не завршуваат на самиот Social Day. По завршувањето на секоја работна позиција и донирањето на дневниците во младинскиот фонд, ти ќе имаш можност да аплицираш со иницијатива која ќе направи промена во образованието и кариерата на младите од нашата држава. 

Направи профил на кариеренпат.мк, разгледај ги можностите и аплицирај за тоа што те интересира. 

Се гледаме на Social Day!

Регистрирај се кариеренпат.мк

ДОСТАПНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ