Веруваме дека младите заедно со вас, работодавците, можат да станат двигатели на општествените промени во нивната локална и глобална заедница.

Дали сакате да бидете дел од првиот Social day во нашата земја и да ги поддржите младите во нивниот сон да го направат општеството подобро место за живење? Доколку одговорот е да, тогаш ние Ви ја претставуваме совршената можност за взаемно дејствување со младите за една заедничка цел – позитивни промени и развој на општеството.

Што е Social Day или низ Европа познат како Solidarity Action Day?

Идејата е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно 500 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава.

Целта на Social Day е да се воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови, да инспирира активно граѓанство и општествен развој воден од млади, тоа е влијателен инструмент кој овозможува пристап до политичка едукација и креира фонд за младински иницијативи.

Овој концепт иако е нов кај нас, во држави како што се Данска, Норвешка и Италија постои и се применува со децении. Но, и во држави кои што не се така далеку од нас како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, последните неколку години е препознаен како одличен концепт за поттикнување на општетсвена одговорност.

Интересен факт: Во Норвешка, секоја година, на овој ден,  85 000 млади заработуваат околу 1 800 000 евра.

Како вие може да помогнете да се оствари целта?

За да биде успешен Social dаy, потребни се што е можно повеќе работни позии на кои ќе можат да аплицираат младите кои на еден ден ќе бидат младински работници, наставници, директори и се она што Вие можете да понудите. На овој начин, младите не само што креираат фонд за проекти, туку и ги разгледуваат потенцијалните области за вработување и насока за образование.

Доколку сте заинтересирани треба да ги направите следните чекори:

Регистрирај ја твојата компанија

За повеќе информации контактирај не на [email protected]