Design your impact е тренинг програма која нуди иновативен пристап за лидерство и фасилитација на групи како дел од младинска работа.

DIY ќе се одржи од 16ти до 24ти октомври во Омен, Холандија, а е имплементиран од Cherry International.

Методологија која ќе се користи во текот на тренингот:

  • Experimental learning
  • Informal learning
  • Learning by submerging
  • Communication models
  • Body awareness methods
  • Coaching
  • Theater and dance
  • Program design

 

 

 

 

 

 

Целите на тренингот се:

  1. Учесниците да станат поприлагодени на потребите за учење согласно средината во која тие работат
  2. Подобрување на практичните вештини за работа во групи
  3. Промоција на размена на добри практики со други млади професионалци

 

Храна, сместување во Olde Vechte и трошоци за пат во висина од 275 евра се обезбедени од страна на домаќин организацијата.

Домаќин организацијата има предвидено партиципација од 70 евра која треба да се плати во кеш при пристигнување.

Профил на учесниците:

  • Младински работници/фасилитатори/волонтери/тренери/врснички едукатори
  • Минимум 6 месеци искуство во водење/фасилитирање на тимови
  • Можност за фасилитирање активности во период од 6 месеци по завршување на тренингот
  • Одлично познавање на англиски јазик

! Тренингот не е наменет за почетници,  односно целта е подобрување и проширување на веќе постоечки компетенции кај учесниците.

Повеќе информации може да најдете на инфо пакетот.

Начин на аплицирање е со испраќање на CV и пополнета апликација на [email protected]  . Крајниот рок е 17.07.2021 година.

Доколку имате дополнителни прашања не се двоумете да не контактирате.