Да се биде успешен во денешниот современ свет бара совладување на нов збир од знаења и способности, кои го отсликуваат XXI век како современо место за живеење, но и ги задолжуваат вработените да бидат добро образовани и да поседуваат флексибилност и способност да се соочат со постојаните промени во знаењето и во потребните вештини. Денешните студенти, а утрешните вработени, ќе конкурираат на глобалниот пазар на трудот, ќе менуваат неколку работни места во текот на работниот век, ќе бидат ценети и платени според нивната ангажираност и според придонесот во остварувањето на компаниските цели, а не според минатиот труд или според квалификациите. Утрешните вработени ќе мора сами да ја планираат и да ја осигураат својата иднина до и по пензионирањето. Сепак, идниот свет на работа нуди многу повеќе можности.

Според Националната стратегија за вработување на Македонија (2016-2020), стапката на вработеност кај младите лица е ниска: само 15% од младите на возраст 15-24 години се вработени. Една од причините за тоа е ниската активност на младите лица која главно произлегува од учество во образовниот систем.

Од друга страна, работодавците сметаат дека, покрај формалното образование, потребно е младите да посетуваат обуки, курсеви и тренинзи од доменот на неформалното образование со цел да стекнат знаење, вештини и квалификации. Младите имаат потреба од дополнителна едукација.

И Што Сега-Програмата за вработливост на студенти ќе ти помогне да го избегнеш метежот во едноличноста и да го пронајдеш вистинскиот правец. Не треба да дозволиш да те хипнотизираат со туѓите соништа, хипнотизирај ги ТИ со твојата решителност.

????️Почеток на програма: 18.11.2021

⌛Времетраење: ноември-март

????Слободни места: 20

Студираш во моментов? Студирањето ти е ставено во мирување? Студираш на државен или приватен факултет? Правиш многу работи, а се чувствуваш дека не правиш ништо корисно? Веруваш дека сам можеш да ја креираш својата кариера? Се чувтсвуваш изгубено помеѓу метежот од многу можности и одлуки кои треба да ги донесеш?

Ако барем на едно од овие прашања одговорот е ДА, и имаш од 20 до 27 години, И Што Сега?!-Програмата за вработливост на студенти е токму за тебе.

Аплицирај

Зошто програма за вработливост?

Детали за програмата

Кои ќе бидат твои предавачи и ментори?

Има некоја информација која не сме ја споделиле, а тебе те интересира? Слободно пиши на меилот [email protected] или јави се на 078/449-042