Во периодот од 12ти до 19ти Ноември спроведовме натпревар за Најдобра фотографија од Social Day. На самиот почеток од натпреварот имаше вкупно 32 фотографии. Преку гласање на инстаграм стори беа избрани две фотографии кои се натпреваруваа во последната (одлучувачка) фаза.

Најмногу гласови доби фотографијата на Илина Сандева. Таа беше волонтер во Боров Дол-рудник Бучим, на работната позиција главен енергетичар.

Разговаравме со Илина за да сподели искуство за нејзината работна позиција во текот на Social Day.

1. Сподели го твоето искуство од денот? Што ти остави најголем впечаток?

Денот помина во најдобар ред и се беше  добро организирано, најголем впечаток ми остави љубезноста и посветеноста како на вработените така и на сите надлежни кои беа задолжени за нашата група. Сите се грижеа за нашето присуство таму да не биде само посета туку и стекнато знаење.

2. Која беше твојата мотивација да се приклучиш како волонтерка на Social day?

Мотивација ми беше желбата за нови искуства но како главна мотивација може да ја наведам големиот број на активности кои ги имаме во средношколската унија но кои не можеме да ги реализираме, а со Social day добиваме шанса за тоа.

3. Што научи на Social day? Што беше поинаку од еден обичен ден во училиште?

Научив за текот на работата во Боров дол-Бучим и за надлежноста на главниот енергетичар и начинот на работа и координирање на вработените. Беше многу поинаку од обичен училишен ден поради тоа што излеговме од нашата рутина и пробавме нешто што не би имале шанса во нашето училиште.

4. Зошто твоите врсници треба да се пријават и да учествуваат на Social day наредната година?

Поради тоа што некои од нив сигурно би се пронашле во некоја од позициите но и поради  учењето на нови работи и ново искуство. Social day е одличен проект за сите кои сакаат да пробаат нешто ново и да видат како изгледа ден на еден работник или надлежен во рудник или некоја друга организација или фирма. А со тоа и да добијат шанса за исполнување на некоја креативна иницијатива за која немаме шанса за реализација.