Денешните средношколци, а утрешните вработени, ќе конкурираат на глобалниот пазар на трудот, ќе менуваат неколку работни места во текот на работниот век, ќе бидат ценети и платени според нивната ангажираност и според придонесот во остварувањето на компаниските цели, а не според минатиот труд или според квалификациите. Идниот свет на работа нуди многу повеќе можности. Достапноста на информациите и на новите технологии им го нудат светот на дланка на идните генерации. Затоа младите и нивните родители се исправени пред предизвикот да се соочат со предизвиците и со можностите на новото време и планирање на нивната кариера.

Република Северна Македонија се соочува со висок процент на невработеност, како и со голема нееднаквост и социјална исклученост. Значаен дел од младите лица спаѓаат во категоријата невработени лица, што пак носи висок ризик од нивна социјална исклученост. Учеството на младите на пазарот на трудот е на ниско ниво. Младите невработени лица се во понеповолна позиција на пазарот на трудот во споредба со другите возрасни категории на граѓани.

Младите треба да се мотивираат да го пронајдат своето поле на интерес и делување и да ја креираат сопствената иднина со тоа што се решителни и способни да ги остварат своите цели и соништа на личен и на професионален план во насока на кариерата која сакаат да ја имаат.

И Што Сега?!- програмата за кариерно насочување на средношколци ќе ти помогне да го пронајдеш вистинскиот правец кој ќе те искачи до врвот на твојата кариера. Не треба да дозволиш постојано да се вртиш во круг и да не знаеш која е вистинската можност за тебе, биди храбар и мотивиран и превземи го првиот чекор кон кариерата од твоите соништа.

????️Почеток на програма: 26.10.2021

⌛Времетраење: октомври-ноември

????Слободни места: 20

Се наоѓате на голема раскрсница и не можете да се одлучите во кој правец да тргнете? Имате дилеми која кариера да ја одберете? Се уште не ги препознавате сите ваши квалитети?Се прашувате дали ќе го одберете вистинскиот факултет? Размислувате дека не сакате да студирате?

Ако барем на едно од овие прашања одговорот е ДА, и имаш од 15 до 19 години, И Што Сега?!-Програмата за кариерно насочување на средношколци е токму за тебе.

Рокот за аплицирање е до 24.10.2021 година

Аплицирај

Зошто програма за кариерно насочување?

Детали за програмата

Кои ќе бидат твои предавачи и ментори?

Има некоја информација која не сме ја споделиле, а тебе те интересира? Слободно пиши на меилот [email protected] или јави се на 078/449-042