Сакаш да знаеш како да управуваш со проекти? Сакаш да дознаеш повеќе за работата со млади? Сакаш да дознаеш повеќе методи за вклучување на младите во различни активности?

Во Омен, Холандија се организира младински тренинг за организирање и менаџирање на проекти, од 10ти до 17ти Февруари. Тренингот е наменет за младински работници кои имаат основно или немаат никакво искуство во работа со млади и/или проекти.


Од страна на домаќин организацијата е обезбедено сместување и храна, патни трошоци во висина до 275 евра.
Дополнително, треба да се платат 50 евра (participation fee на домаќин организацијата) и 500 денари (sending fee на Младите Можат).

Повеќе информации можете да прочитате на следниов линк.

Рокот за аплицирање е до 25.01.2021 (23:59)

Доколку ги исполнуваш условите и си заинтересиран/a, пополни ја апликацијата на следниот линк.

За подетални информации контактирајте не на [email protected]