Со младинската банка Карпош, со поддршка на Младите Можат и Општина Карпош , управуваат 7 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.

Фонд на Младинската банка за проекти на неформални групи во општина Карпош:

Фондот за младинската банка е заеднички обезбеден од Здружение на граѓани „Младите можат“ Скопје и Општина Карпош. Младинската банка Карпош има отворен повик за предлог проекти до јуни 2021 година.

Кој може да поднесе предлог проект до Младинската банка Карпош?

  • Неформални групи на млади од 15 до 30 години (минимум 3 млади кои ќе бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот) кои живеат на територијата на општината Карпош;
  • Млади кои имаат мисија,визија и цел да го подобрат квалитетот на живеење на младите во својата општина Карпош;
  • Оние кои имаат мисија, визија и конкретни идеи и цели како да го подобрат квалитетот на живот на младите во средината во која живеат, односно општината.;
  • Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.

Што поддржува младинската банка?

Младинската банка поддржува проекти кои се реализираат на територија на општина Карпош и имаат за цел зајакнување на соработката и подобрување на животот на младите на кој било начин, односно:

  • Оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат;
  • Проекти кои одговараат на локалните потреби и имаат влијание на локалната заедница, а посебно на руралната средина;
  • Проекти кои ќе промовираат кревање на еколошка свест и заштита на живитната средина;
  • Проекти за развој на културно – рекреативниот живот на младите;
  • Проекти за подобрување на едукативните можности на младите;
  • Проекти за креирање и спроведување на услови за зголемување на вработеноста на младите во својата општина;
  • Проекти за подобрување на животот на лицата со попреченост;
  • Проекти за менталното здравје на младите во општината;

Преку проектите младите можат да се насочат кон спроведување активности како :

  • Еколошки настани;
  • Културни и/или едукативни настани( едукативни обуки, обуки за оспособување на младите за нивен пласман на пазарот на трудот, кариерно насочување и слично);
  • Овозможување и подобрување на пристапот до јавни места и институции за лицата со попреченост како и инклузивни настани;
  • Креирање активности наменети за заштита, справување, одржување на менталното здравје на младите;
  • Активности за поттикнување на физичката активност кај младите;
  • Развивање на можности за вработување на млади;

Се прифаќаат предлог-проекти кои: имаат јасна идеја, цел и план за реализација, имаат одредено место, време и траење на проектот, ги исполнуваат критериумите  за да добијат поддршка од фондот на младински банки, имаат јасно дефиниран и точен буџет, доставени се пред истекот на рокот за пријавување.

Што НЕ поддржува младинската банка?

  • Проекти на кој главен приоритет им е хуманитарна цел и проекти на поединци, невладини организации, здруженија, политички партии и јавни институции;
  • Проекти кои се повикуваат на каков било облик на насилство и дискриминација и промовирање на алкохол, дрога или нездрав начин на живот;
  • Плати и хонорари за членовите на неформалната група која го реализира проектот;
  • Трошоци за техничка опрема кои се неопходни за реализација на проектот, а кои се поголеми од 30% од бараниот износ од младинската банка;
  • Проекти чија реализација на активностите е во тек или се веќе финансирани од ЗГ Младите можат и општина Карпош.

Колкав е максималниот износ на поддршка што може да го добие еден проект?

Младинската банка Карпош ќе поддржи проекти во износ од 20,000 до 50,000 денари.

Задолжително учество на неформалната група на млади!

Неформалната група мора да обезбеди средства (парични, материјални или услуги) од претпријатија, институции или граѓани за проектот во најмалку ист износ како оној што го бара од младинската банка Карпош. Пример: доколку сакате да направите игралиште, да обезбедите човек (роднина, сосед, пријател, познаник..) кој би го варосувал игралиштето без да наплати работна рака. Идејата е позади избраниот проект, неформалната група да вклучи повеќе луѓе во реализацијата на проектот, кои ќе бидат вклучени на волонтерска база и преку тоа да се поттикне активизмот и учеството во локалната заедница

Како, на кого и кога можат да се поднесат предлог проекти?

Заинтересираните млади може да го преземат апликацискиот формулар од веб страницата на ЗГ Младите можат, кој се наоѓа на следниот линк. 

Пополнетата пријава за предлог проект, заедно со предвидената документација (задолжително да се приложи фотокопија од личните документи на трите членови на неформалната група, како и потврдa/доказ за обезбедено учество на други субјекти во проектот) треба да се прикачат како анекси, на самиот апликациски формулар, најдоцна до 17.06.2021г.

Кога ќе ја дознаете конечната одлука дали ќе ви биде поддржан проектот и кога ќе започне неговата реализација?

Младинската банка Карпош ќе ве извести за конечната одлука за поддршка на вашиот проект најдоцна до 30ти јуни 2021г.

Предвидено е сите поддржани проекти да се реализираат во периодот од 01.07.2021г. до 15.08.2021г.

Пополнетиот апликациски формулар со предвидената пропратна документација (задолжително фотокопија од лични документи од трите членови на неформалната група и потврдa/доказ за обезбедено учество на други субјекти во проектот) треба да се поднесат електронски, преку следниот линк, најдоцна до 17.06.2021г.

За сите прашања може да се обратите на мејл адресата на Младинската банка Карпош [email protected]

*Тука симни го Анекс 1 – Буџет на проектот, кој задолжително треба да го приложиш во апликацискиот формулар