Дали се сметаш себе за тимски играч?  Дали си навистина толку социјален/на колку што мислиш дека си?  Решавање на проблем во тим или наоѓање компромис, дали ќе успееш?

Back to basics е една од најпопуларните размени на која Младите можат се партнери, се фокусира на комуникација и соработка и се одржува веќе традиционално неколку години по ред во Омен, Холандија, а оваа година датумите се од 7ми до 23ти август 2021.

Учество земаат 11 држави и тоа Холандија, Италија, Бугарија, Литванија, Португалија, Хрватска, Грција, Унгарија, Словенија, Шпанија и Северна Македонија, односно 55 млади!

Back to basics е наменета за млади на возраст од 15 до 21 година, кои не знаат што да прават со својот живот и не можат да одлучат што сакаат да учат или работат.

Доколку сакате да научите нешто повеќе за претприемништво и само-иницијативност, оваа размена е токму за вас!

На кои прашања ќе си одговорите преку размената?

  • Како можам да станам подобар претприемач? – Иницијатива.
  • Како можам подобро да комуницирам со другите?
  • Како треба да се однесувам кога работам во група? – Соработка.
  • До кој степен сакам да се осмелам да ги проширам своите граници?

 

 

 

 

 

 

За размената, домаќин организацијата Cherry International има предвидено participation fee од 30 евра.

За патни трошоци предвиден е повраток  на средства во висина од 275 евра.

Храна и сместување за време на размената се обезбедени од домаќин организацијата.

Повеќе информации можете да најдете на следниот инфо-пакет.

Сите заинтересирани можат да аплицираат преку пополнување на апликацијата и испраќање на истата на [email protected] и [email protected].

Краен рок за аплицирање е 1ви јули 2021 година.