Сакаш да направиш промена во твоето секојдневие? Можеби сакаш таа промена да се отслика и кај другите млади? Имаш искуство со активизам но, голема желба ти е да научиш како да ги поттикнеш и другите да бидат општествено одговорни?

Ако барем еден одговор ти беше потврден на некое од прашањата горе, тогаш верувај дека тимот на промотери на Social Day е правилниот избор за тебе.

Преку тимот на промотери на Social Day ние сакаме да ги подготвиме младите за лична позитивна трансформација, да придонесеме кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество.

Идејата позади Social Day е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно 500 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава. Но, преку целосната програма за имплеметација на Social Day сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните работници кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите.

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на линкот подолу, најдоцна до 04.05.2021г. (23.59 часот).

Приклучи се на тимот на промотери

Преку станување на член на тимот на промотери вие станувате и член на Младите можат при што треба да подмирите годишна членарина од 1000 денари, со таа чланарина вие имате можност да ја поминете прогрмата посебно наменета за тимот на промотери на Social Day и дополнително да бидете дел од останатите едукативни процеси за личен раст и развој во ММ. За дополнителни информации и прашања слободно обрати се на [email protected] или на 078 449 042.