Искуство од размена во Чешка „Fairytale of Erasmus world“

Едно од најубавите искуства во животот беше токму оваа размена од Еразмус+ која се случуваше во Чешка. Авантури, забава, стекнување на нови искуства и вештини, едноставно незаборавно нешто. Ние, како претставници на нашата земја, ја претставивме Македонија гордо и достоинствено. Но, таму сите земји бевме едно. Споделувавме искуства, идеи, дружби, сеќавања, знаења, незаборавни моменти…

 

Искуство од размена во Полска „Step Towards Meaningful Youth Participation“

Од 06. до 14 септември се оддржа тренинг курс во прекрасното планинско место Закопане,Полска.Тренинг курсот беше посветен на темата “Step Towards Meaningful Youth Participation” ,главна тема на активностите и дебатите беше како да се приклучат младите во општеството,како да го развијат и придонесат за него.
На проектот присуствуваме двајца од Македонија,но заедно со нас присуствуваа учесници од Естонија,Италија,Шпанија,Грузија,Ерменија,Полска,Украина.Тимската работа,активностите во групи ни дадоа шанса да се зближиме и запознаеме како личности,но исто така да си ја претставиме нашата држава и култура.Еразмус+ програмата ни дава шанса да го збогатуваме нашето знаење,да учиме нови работи,воедно да го прошетаме светот да ги согледаме сличностите и разликите помеѓу нашите култури.Конкретно во врска со темата,научивме многу нови работи и примери како може,ние како млади,да влијаеме и учествуваме секојдневно во општеството,како да ги привлечеме и другите,се со цел општествено,со тоа о глобално да правиме промена.

Освен шансата за учење и надоградување,ја имавме шансата да прошетаме низ прекрасното место,полно со зеленило и мир.Совршено место за релаксација,инспирација и мотивација за следните чекори понатаму.
Искуството со “Младите Можат” е неописливо,бевме поддржани во секое поле,со пружена рака за помош,исто така домаќин организацијата “Instytut Innowacji”,секоја чест и благодарност за нив.Прекрасна организација и менаџмент.Максимална посветеност на актовностите и надвор од нив.Прекрасно искуство,пружена шанса која не се одбива,знаењето и искуството кое се стекнува се незаменливи.
Препорака до сите млади,кои сакаат да бидат активни да земат учество на Еразмус+ проектите.