fbpx

Младите Можат

[ Конференција ] „Дали образовниот систем гради целосни личности?“

Датум: 22.06.2022 Време: 12:00 часот Локација: Рагуза 360, Скопје Главната цел на проектот “All for You(th)!” е да се зајакне образовниот систем во Северна Македонија со прифатени политики за сервиси за ментално здравје, функционални програми за кариерно советување и зајакнати животни вештини кај младите.  Во насока на тоа, Младите можат подготви неколку програми со повеќе различни активности кои ќе ја постигнат оваа визија: програма за ментално здравје, програма за кариерно советување и програма за младинско учество и активизам. Програмите се…

0
Read More

Пријава за проекти поддржани од Младинска Банка Центар

Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади. Со младинската банка Центар, со поддршка на Младите можат и Општина Центар , управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за…

0
Read More

[ЈАВЕН ПОВИК] Избор на обучувач за ментори за потребите на проектот “All for You(th)”

Вовед Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на обучувач/ка за обука развивање на капацитети на младински работници и ментори за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за младински работници со делумно искуство во менторирање на млади и младински тимови. Тренерот се очекува да почне со работа од јуни 2022 г. а целиот ангажман завршува до месец јули 2022г. Опис на работен ангажман Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен…

0
Read More

[ЈАВЕН ПОВИК] Избор на модератор/ка на конференција за потребите на проектот “All for You(th)”

Вовед Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – модератор/ка на национална конференција за потребите на проектот “All for You(th), финансиран од Европската комисија”. На овој повик се поканети да учествуваат индивидуи кои ги исполнуваат наведените критериуми подолу во повикот. Опис на работен ангажман Конференцијата „Дали образовниот систем гради целосни личности?“ ќе се одржи на 22ри јуни 2022г. во Скопје, во периодот од 12.00 до 14.00 часот. Целта на конференцијата е да ги презентира трите…

0
Read More

[Еразмус + тренинг во Полска] ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА LEADing by FELLing

Дали си младински работник, ментор, координатор или лидер со желба за самоподобрување и запознавање нови култури? – Тогаш си на правилно место! Достигни го својот лидерски потенцијал заедно со млади од 9 различни држави од Европа! Отвараме повик за 3 учесници над 18 години кои ќе учествуваат на еразмус + тренинг во Лоѓ, Полска. Tренингот ќе се одржи од 23 јуни до 2 јули и е наменет да изгради корисни лидерски вештини и да создаде меѓународна мрежа на лидери. Покрај…

0
Read More

Денови на финансиска писменост- Со какви вештини се стекнаа учесниците и колку е важна финансиската писменост кај младите

Во рамки на проектот „All for You(th)“, кој е финансиски поддржан од Европската комисија, а имплементиран од Здружение на граѓани Младите Можат, се реализираа обуки за финансиска писменост. На 11.05.2022 и 12.05.2022 беа Денови на финансиска писменост. Во просториите на Младите Можат, млади од 17 до 29 години  научија како да ги менаџираат своите лични финансии, како да носат лични финансиски одлуки, за штедењето наспроти трошењето, како функционираат кредитите, што претставува инвестирањето, и како влијаат рекламите на нивните одлуки за…

0
Read More

[Еразмус + младинска размена во Литванија] ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА WE ARE ALL CONNECTED YE

Колку убаво звучи летна размена во Каунас, Литванија и дружење со млади од 6 различни држави во Европа? Отвараме повик за 6 учесници + 1 тим лидер од Македонија (сите помеѓу 18 и 30 години) кои ќе бидат дел од Еразмус + младинската размена во Каунас. Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “We are all Connected YE”, организиран од страна на Active Youth. Размената ќе се одржи од 7ми до 15ти јули и ќе те научи на нови…

0
Read More

[Еразмус + младинска размена во Холандија]ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА BACK TO BASICS 2022

Како ви звучи лето во Холандија со врсници од цела Европа? Примамливо, нели? Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “Back to basics”, организиран од страна на Cherry International Foundation. Младинска размена “Back to Basics” ќе се организира од од 20ти јули до 5ти август во Омен, Холандија. На оваа размена освен што ќе се дружите со млади од цел Европа, ќе имате можност да стекнете вештини за претприемништво. Предвидени се вкупно 60 учесници од различни земји од кои…

0
Read More

Повик за членови на одборот на младинска банка – Општина Крива Паланка

Дали си млад човек кој живее на територија на Општина Крива Паланка? Дали ги препознаваш потребите на твоите врсници во твојата општина? Можеби имаш желба да ја подобриш општината во која живееш? Сакаш да бидеш слушнат и да соработуваш со твоите врсници, но и со возрасните? Доколку одговорот на овие прашања е ДА, тогаш овој повик е токму за тебе! Младите можат оваа година повтoрно го спроведуваат проектот Младински локални банки,  но овој пат во соработка со општина Центар и…

0
Read More

Повик за членови на одборот на младинска банка – Општина Центар

Дали си млад човек кој живее на територија на Општина Центар? Дали ги препознаваш потребите на твоите врсници во твојата општина? Можеби имаш желба да ја подобриш општината во која живееш? Сакаш да бидеш слушнат и да соработуваш со твоите врсници, но и со возрасните? Доколку одговорот на овие прашања е ДА, тогаш овој повик е токму за тебе! Младите можат оваа година повтoрно го спроведуваат проектот Младински локални банки,  но овој пат во соработка со општина Центар и Крива…

0
Read More

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти