fbpx

Настани

„Една идеја – Една цел“ | Работилница | Проект Младински локални иницијативи

На ден 22.05.2019 (Среда) во Локалната библиотека “Гоце Делчев” Велес, се одржа настанот “Една идеја, една цел” организиран од младинската локална иницијатива “Биди Промената”. На настанот учествуваа средношколци од стручните училишта “Коле Неделковски” и “Јовче Тесличков”, и велешката гимназија. Учесниците беа поделени во две групи и мапираа проблеми од областа на животна средина и волонтеризам. Решенијата што ги смислија ќе бидат реализирани понатаму. Останете во тек, наскоро ќе ви ги најават активностите кои произлегоа од оваа работилница! Работилницата е во…

0
Read More

Трибина „Нашата волонтерска приказна“ | Проект Младински локални иницијативи

?Со цел овозможување на мотивација и повеќе информации за волонтерството, што значи да се членува во граѓанска организација и да се биде дел од младински акции, тимот кој ја имплементира младинската локална иницијатива “Биди промената” организираше трибина за младите во Велес. ?‍♂️?‍♀️Трибината беше насловена “Нашата волонтерска приказна”. Пред многубројните присутни, поголемиот дел од нив ученици од основните и средни училишта од Општина Велес, најпрво се обрати градоначалникот на општина Велес, г-дин Аце Коцевски со поздравен говор и охрабување за младите…

0
Read More

[Галерија] Инфо сесии за “Job shadowing” на тимот Umbra одржани и во други средни училишта!

Тимот Umbra од активното членство на Младите можат продолжува со одржување на инфо сесиите за ‘job shadowing’. На 22.04 2019, се одржаa 4 инфо сесии во следниве средни училишта:  “СОУ Георги Димитров”, “СОУ Јосип Броз – Тито” и “СОУ Гимназија Раде Јовчески – Корчагин”. За време на сесиите се дискутираше за концептот на “job shadowing” во склоп на темата за кариерна ориентација во која учениците покажаа голем интерес и веднаш ја сфатиле суштината и ефикасноста на “job shadowing”. Заклучоците од…

0
Read More

Инфо сесија за “Job Shadowing” во СУГС Г. Георги Димитров | Umbra, иницијатива за “Job Shadowing” на активното членство

На 15.04 2019, се одржа првата инфо сесија на тимот Umbra од активното членство на Младите можат во СУГС Гимназија „Георги Димитров”. За време на сесијата се дискутираше за концептот на “Job shadowing” во склоп на темата за кариерна ориентација за кој ученците покажаа голем интерес и веднаш ја сфатија суштината и ефикасноста на истиот. Заклучоците од самата сесија беа дека овој метод може да им помогне во иднина за градење на нивната кариера и дека може многу да се…

0
Read More

Не се фолирај, ВОЛОНТИРАЈ! | Епизода 1 | Иницијатива за неформално образование и волонтерство на активното членство

  “Не се фолирај, волонтирај!” е иницијатива спроведена од страна на 8 ентузијастични млади, воедно активни членови на Младите Можат, која е наменета да допре до тинејџерите кои не се запознаени со придобивките од волонтирање и неформално образование. Преку кратко видео се обидуваат да го привлечат вниманието на своите врсници на начин кој знаат дека е највлијателен – социјалните мрежи, но секако ова видео не е крајот. Ова е можноста да се запознаете со Младенчо, кој своите денови ги троши…

0
Read More

#GoNuts | Дискусија за ментална култура | Иницијатива за ментално здравје на активносто членство

??Минатата среда, на 10ти април, 2019 г. со многу позитивна енергија и добро расположение во Цреша бар се одржа првиот настан организиран од тимот за Ментално здравје на активното членство на Младите можат – #GoNuts [Дискусија за ментална култура].? ??Настанот започна со вовед во менталната култура од страна на Проф. д-р Орхидеја Шурбановска – професор на Институт за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје и Светлана Аспровска-Тодорович – психолог во средното училиште “Георги Димитров” во Скопје. Предавањето беше проследено со одговарање на…

0
Read More

Семинар “Solidarity Action day Movement in Europe”

Тимот на извршната канцеларија на Младите можат од 15.03.19 до 17.03.19 учествуваше на семинар организиран од мрежата SAME во Lubeck, Германија. SAME е всушност кратенка за ‘Solidarity Action Day Movement in Europe’. Ова движење, започнато од неколку организации од различни земји од Европа, подразбира организирање на Ден на солидарноста (Solidarity Action Day). На овој ден средношколците, наместо да посетуваат редовна училиштна наставa, се ангажираат и работат на одредена работна позиција. Нивната плата од тој ден го формира фондот кој понатаму…

0
Read More

Мотивациски викенд 5

5ти по ред, традиционален Мотивациски викенд – Викенд наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех. 24ти и 25ти ноември, 2018та година беа два дена наменети токму за овој настан, а салата Империјал во Македонската опера и балет повторно беше епицентар на повеќе од 180 млади кои имаа можност да го почувствуваат мотивацискиот пулс. Целта на Мотивациски викенд уште од неговата прва реализација е да ги мотивира младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку успешни луѓе кои…

0
Read More

Сѐ што слушаме [Едукативна работилница]

На 27.10.2018  во просториите на СУГС “Орце Николов“ се овозможи атмосфера исполнета со спонтаност и амбиција. Беше оддржана еднодневна работилница на тема музика и психологија – “Сѐ што слушаме“. Идејата за оваа работилница, која дојде токму од страна на фасилитаторот на истата – Лука Ѓоргиевски, успешно се организираше како настан од страна на неколку активни членови од тимот за ментално здравје на Младите можат. Благодарение на разбирањето на тоа колку се значајни овие теми да се разработат подетално, директорот од…

0
Read More

Студиска сесија “Отстранување на бариерите за граѓанско општество на младите за организирање и учество – Улогата на младинските совети за развој на младински политики”

Од 15 ти до 20ти октомври 2018 година во Европскиот младински центар на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија, се одржа студиска сесија на тема “Отстранување на бариерите за граѓанско општество на младите за организирање и учество – Улогата на младинските совети за развој на младински политики”. На настанот присуствуваа учесници од младинските совети на Србија, Латвија, Словенија, Турција, Азербејџан, Македонија, Украина, Романија, како и претставници на организации кои се директно поврзани со човековите права, меѓународните платформи и мрежи. Беа…

0
Read More

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти