fbpx

Настани

Еко здружување на Школка

Живеење без отпад не е само стил на живеење, туку тоа претставува филозофија на живеењето. Што значи тоа? – Користење на производи кои би биле реупотребувани, би биле долготрајни и би се рециклирале, како и купување на производи кои би ги задоволиле нашите основни потреби. Тимот на ViridiQ на 15.06 (недела) ја реализираше идејата за настан посветен на животниот стил без отпад со која победи на натпреварот Ослободи ја идејата. На нивната три-сегментна работилница ученсиците и посетителите научија како подобро…

0
Прочитај повеќе

Креативна работилница „Боите на мојот свет“

На ден 30.06.2018 год. (сабота) во просториите на ООУ „Александар Македонски” се одржа работилница на тема „Боите на мојот свет”. Просторот беше отстапен на користење од страна на Опшитна Аеродром, по претходно испратеното барање и состанок со одговорните лица од општината. Самата работилница претставуваше пилот проект како би функционирал SLAP културниот центар. Настанот беше предвиден да започне во 10:30 часот со регистрација на учесниците. Учесниците се пријавија на претходно подготвен повик, кој беше отворен до 29.06.2018 год. до 17 часот.…

0
Прочитај повеќе

Герила акција на “Безѓубрија“ за подигнувањето на свеста за заштита на животната средина на карпошани

Во текот на месец Мај , тимот на ,,Безѓубрија“ реализираше герила акција во Општина Карпош која имаше за цел да ја подигне свеста кај локалното населените за заштитата на животната средина, справувањето со оптадот и потребата од селектирање и рециклирање на истиот. Со изработката на информативни постери кое го привлекуваат вниманието на граѓаните и имаат еколошка порака и со поставување на истите на видни површини на територија на Општина Карпош, тимот се надева дека ќе успее да ги информира граѓаните и…

0
Прочитај повеќе

Изложба на фотографии „Естетика на грдото“ [ViridiQ]

Еколошки катастрофи и електронски отпад беа во фокусот на 2-часовната изложба која се одржа на 27ми април 2018 г., со наслов „Естетика на грдото“. „Естетика на грдото“ беше организирана од младинската иницијатива ViridiQ, во соработка со Нула-Отпад и се одржа во културниот центар „Димитар Влахов“ Автокоманда. За најдобрите 3 фотографии на изложбата одлучија повеќе од 100 присутни гости заедно со жири комисијата составена од Ана Каранфиловска, раководител на секторот за управување со отпад при МЖСПП; Марјанчо Дамески, директор на „Нула…

0
Прочитај повеќе

Практикувај дискусија,дискутирај пракса!

Младинската иницијатива за промени во средното образование на 30.04.2018 (понеделник) во просториите на Агенција за млади и спорт оддржа јавна дискусија под мотото Практикувај дискусија,дискутирај пракса! Младинската иницијатива има за цел да ја воведе практичната настава како дел од формалното средно образование. Тргнувајќи од своите искуства како средношколци оваа група на млади верува дека практичната настава ќе успее да изгради општество со поголем процент на работоспособна младина, ќе им помогне на младите при избор на своите студии како и во…

0
Прочитај повеќе

Есеи од конкурсот „Хакирај – Превенирај!“

Иницијативната група „Hack the Mental Health Stigma“ продолжува со интензивно темпо да ја „хакира“ и решава стигмата околу менталното здравје. Овој пат, преку конкурс и уметнички творби, заедно со нашите поддржувачи решивме да допреме до теми за кои сѐ уште се збори како да се табу теми. По завршивањето на рокот за аплицирање на конкурсот за уметнички творби „Хакирај-Превенирај!“, со неизмерно задоволство ги споделуваме есеите! Есеите се подредени по азбучен ред. Уживајте 🙂 „Анксиозност и депресија Како да излезеш од…

0
Прочитај повеќе

Животен стил со нула отпад

Младинската иницијатива ViridiQ на 14.04.2018одржа 4-часовен настан за животен стил без отпад. На настанот присуствуваа претходно избрани 25 млади екологисти, кои се запознаа со начините на кои можат да го намалат отпадот кој го создаваат преку многуте практични примери на обучувачите. Истиот беше одржан во Канцеларија за млади на општина Центар. Ива Апостолска, еко-активистка, веганка и нула-отпад ентузијастка, беше говорничката во првиот дел, каде што  даде осврт кон проблемот – отпад, и ги приближи присутните до нејзиниот пат кон нула-отпад.…

0
Прочитај повеќе

Менталното здравје не е првоаприлска шега!

„Менталното здравје не е првоаприлска шега!“ е мотото под кое се одржа 6-часовен настан посветен на менталното здравје на 1ви април 2018 година на Филозофскиот факултет при УКИМ, во организација на младинската иницијатива “Hack the Mental Health Stigma”. Околу 150-те присутни на самиот почеток имаа шанса да дознаат повеќе за факторите кои влијаат врз креирање и одржување на стигмата поврзана со менталното здравје, митовите и фактите поврзани со него, емоционалната интелигенција како клучен фактор за негување на оваа човекова димензија. …

0
Прочитај повеќе

Мотивациски викенд 4

Поведени од мотивацискиот пулс, по четврти пат и оваа година го спроведовме Мотивациски викенд на 30ти септември и 01ви октомври. Викенд, наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех. Викенд, исполнет со дружење, одлични мотивациски говори, корисни работилници и млади кои сигурно чекорат по патот кон успех и себереализација. Локацијата добро позната, концептот веќе традиционален. Преку 8 успешни приказни на нашите овогодишни говорници и 4 работилници за поттикнување на личен развој, над 200 млади се мотивираа, преку инспиративните приказни за успесите,…

0
Прочитај повеќе

“Ден на младински активизам”

Ден за младинско учество, ден за идеи, ден за акција, ден за доза мотивација… „Ден на младински активизам” е еднодневен настан од отворен карактер, кој е финале на проектот „Ослободи ја идејата-преземи акција”. Настанот се одржа на 17.04.2016 (недела) со почеток од 15:00 часот во Кино Култура. На настанот, 5те финалисти од натпреварот „Ослободи ја идејата-преземи акција” имаа можност да ги претстават своите идеи пред публиката и жири-комисијата и да ги убедат за релевантноста, креативноста и иновативноста на понуденото решение.…

0
Прочитај повеќе

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти