fbpx

Проекти

[Иницијативи] Младински лидерски иницијаитви

Проектот Младински лидерски иницијативи е во втората фаза на спроведување. На овогодинешното 4то издание на проектот поддржан од УСАИД, покрај стекнатата едукација преку неформално образование, 20тина млади формираа три тимови кои што во наредните три месеци треба да основаат свои иницијативи и да постигнат одредена цел Септемвриските подготовки поминаа одлично и тимовите од „Лидерски“ се подготвени за реализација на своите иницијативи! Во следниот период ќе ги следиме нив и нивните постигнувања. Тимовите ќе работат на 3 различни теми, но со…

0
Read More

„Млади на иста фреквенција“ | Соопштение за почеток на нов проект

Од почетокот на јуни, започнува проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество. Целите на овој проект се во корелација со една од поставените цели во годишниот акциски план на Младите можат која е посветена на вредности, принципи и одржливост при извршното работење. Со овој проект ќе обезбедиме…

0
Read More

Младинска иницијатива „Обединети со различностите“ во Кочани | Програма за локален активизам Младински локални иницијативи

Младинската иницијатива „Обединети од различностие“, со низа активности кои ќе се спроведат во периодот од мај до јули, се трудат да постигнат подобар соживот и да ги прифатат мегусебните различности. Пикник, ораторска вечер, поетски и филмски конкурси и фудбалски натпревар се само дел од репертоарот кој има за цел  да ги спои сите луѓе од Кочани, без разлика на националноста, полот, верата и потеклото. „Обединети од различностите“ веруваат дека време е да се поништат границите и да се дејствува како…

0
Read More

Umbra | Иницијатива за “Job shadowing” на активното членство на Младите можат

Дали сте слушнале за ,,Job Shadowing”? Тоа е името дадено на можноста за набљудување или “сенчење” на некој што ја извршува својата работа. Job Shadowing може да биде едночасовна посета со едно лице, до продолжен еднонеделен престој што овозможува интеракција со голем број вработени и следење на различни активности. Зошто би оделе на Job Shadowing? Младите многу често избираат кариера без идеја за тоа како изгледа работата ден за ден и дали утре ќе сакаат да го работат тоа. Уште…

0
Read More

„Не се фолирај, волонтирај!“ | Иницијатива за неформално образование и волонтирање на активното членство на Младите можат

Неинформираноста на младите околу здруженијата на граѓани и волонтирањето  поттикна тим од ентузијастични средношколци, активни членови на Младите можат, да имплементираат иницијатива со цел да информираат и да им ја подигнат свеста на своите врсници околу овој предизвик. Поради големата застапеност на социјалните мрежи во секојдневниот живот, тие одлучија дека најефикасен начин да се допре до младите и истите да се мотивираат да волонтираат е преку креирање и споделување на информативни видеа. Преку видеата на еден интересен начин ќе се…

0
Read More

Иницијатива за ментално здравје на активното членство на Младите можат

Сите ние секојдневно се соочуваме со проблеми, предизвици и ситуации кои ни предизвикуваат секакви емоции и мисли. Најчесто тие се добри и позитивни, но ги има и лошите, стресните, oние за кои никој не сака да разговара. Одредени емоции и размислувања се скриени кај секој од нас затоа што нашето општество ги гледа како чудни, нереални и несериозни. Главен пример може да претставува посетувањето психолози и психотерапевти. Тоа во светот е многу здрава и нормална навика, а тука пред нашите…

0
Read More

Мотивациски викенд 5

24ти и 25ти ноември 2018та година. Викенд наменет за мотивација, инспирација вмрежување и успех. Петти по ред, традиционален Мотивациски викенд. Салата Империјал во Македонска опера и балет повторно ќе биде епицентарот на огромен број мотивирани млади кои ќе имаат можност да ги чујат успесите и неуспесите на овогодинешните говорници. Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите сништа, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои…

0
Read More

Соопштение за почеток на проект Младински локални иницијативи

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.   Проектот Младински локални иницијативи ќе биде имплементиран во периодот од септември, 2018…

0
Read More

Младински лидерски иницијативи vol.3

Трета година по ред, една од редот на успешните приказни на Младите можат продолжува да се реализира. “Младински лидерски иницијативи” еден од најинспиративните проекти на Младите можат ќе се спроведе во периодот од декември 2017 до мај 2018 година. Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе во Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал, да станат активни граѓани во својата заедница, да детектираат предизвици во истите и преку здружено делување да креираат акции за нивно решавање и…

0
Read More

Крени глас за промена-спушти рака за насилство!

Во периодот од јануари до април 2016 со подршка од Националниот младински совет на Македонија, по иницијатива на 5 млади од Младите Можат беше спроведена иницијатива против проблем кој е често одбегнуван во нашето општество- психофизичкото насилство помеѓу средношколците и превенција од истото. Целта на овој проект беше подигање на свеста на средношколците за овој проблем како и изнаоѓање начини за негово искоренување. За постигнување на својата цел Младите Можат склучија партнерство со СОУ,, Јосип Броз Титo’’ – Битола,СУГС ,,Никола…

0
Read More

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти