Ден за младинско учество, ден за идеи, ден за акција, ден за доза мотивација…

„Ден на младински активизам е еднодневен настан од отворен карактер, кој е финале на проектот „Ослободи ја идејата-преземи акција”. Настанот се одржа на 17.04.2016 (недела) со почеток од 15:00 часот во Кино Култура.

На настанот, 5те финалисти од натпреварот „Ослободи ја идејата-преземи акција” имаа можност да ги претстават своите идеи пред публиката и жири-комисијата и да ги убедат за релевантноста, креативноста и иновативноста на понуденото решение.

Дополнително, овогодинешните говорници раскажаа успешни приказни за граѓански акции и ги инспирираа младите дека дека иако патот до успехот не секогаш изгледа лесно и едноставно, со упорност, посветеност и јасна визија, активизмот секогаш придонесува кон општествени промени и подобрувања.

Свои излагања на настанот имаа:

Искра Стојковска-еколошки активист, извршен директор на Еколошко Здружение на граѓани „Фронт 21/42, иницијатор за меѓународна петиција за спас на Охридското езеро

Ана Голејшка-граѓански активист, љубител на перформансот, еден од иницијаторите на „Ретвитни оброк (неформална група на ентузијасти кои сакаат да готват и споделуваат храна)

Сите присутни на настанот имаа можност да гласаат за една од 5те финални идеи. Победничкиот тим “Предизвикај се!” доби поддршка од Младите можат за реализација на идејата.

Главен покровител на настанот беше Туристичката агенција „Атлантик турс”, која верувјќи во потенцијалот на младите за победничкиот тим овозможи прекрасно 11 дневно патување во Грција.