“Не се фолирај, волонтирај!” е иницијатива спроведена од страна на 8 ентузијастични млади, воедно активни членови на Младите Можат, која е наменета да допре до тинејџерите кои не се запознаени со придобивките од волонтирање и неформално образование. Преку кратко видео се обидуваат да го привлечат вниманието на своите врсници на начин кој знаат дека е највлијателен – социјалните мрежи, но секако ова видео не е крајот. Ова е можноста да се запознаете со Младенчо, кој своите денови ги троши бескорисно, со една иста рутина, но токму социјалните мрежи го инспирираат да направи некаква промена за себе и за своето општество. Можеби и тебе ова кратко, но интересно видео ќе те натера да ја смениш својата здодевна секојдневна рутина, па не се двоуми и одвој само неколку минути да го запознаеш нашиот Младенчо!