Сакаш да се изразуваш креативно? Да се запознаеш со локално население? Сакаш да правиш видеа и да водиш радио емисија?

Младите Можат распишува повик за едногодишен ЕВС во Сливен, Бугарија. Почнувајќи од 01.07.2018 па се до 30.06.2019 ќе имате можност да работите како еден од трите волонтери кои ќе работат  во Dream of romance, flowers and space.

Доколку си на возраст од 18-29 години, заинтересиран/а си да креираш видеа и да се запознаваш со нови луѓе – оваа можност е токму за тебе!

Целта на проектот е интеркултурна размена со локалното население на Сливен преку радио емисија,  Youtube канал како и преку методите на неформалното образование.

Неколку од одговорностите на волонтерите ќе бидат:

  • Работа на локално ниво со пристап на неформално образование
  • Подготовка на неделни филмски вечери
  • Креирање видео содржини
  • Одржување на Youtube канал со видео материјали
  • Правење теренски и веб интервјуа

Организацијата ви овозможува сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по бугарски јазик. Како дел од проектот ќе имате можност да патувате за време на викендите како и да бидете дел од активностите кои тие ги организираат. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.

Целосниот Инфо пакет можете да го најдете Info pack.

Сите заинтересирани можат да ни испратат CV и мотивациско писмо најдоцна до 18.05.2018 на [email protected].