Нашите долгогодишни партнери Schuler Helfen Leben и оваа година, повторно, нудат можност на млади луѓе од земјите од Западен Балкан за волонтирање во Германија.
За време на едногодишниот ангажман, волонтерите ќе ја имаат можноста да помагаат при реализирање на разни активности и остварување на целите на фондацијата.

Во овој момент, отворени се можности за волонирање во канцелариите во Neumünster и новата канцеларија во Lübeck.
Во Neumünster, волонтерите од Германија и земјите од Западен Балкан ја преземаат одговорноста за спроведување на Solidarity Action Day заедно со тимот на SHL од Берлин. Волонтерите можат да аплицираат за работни места во различни работни области.

Neumünster – волонтер
Одговорностите на волонтерот ќе бидат:
• Поддршка во планирање, спроведување и евалуација на почетен и завршен семинар
• Поддршка во планирање, спроведување и евалуација на интернационални средби и академии
• Односи со јавност
• Поддршка на локални млади во развивање проекти и спроведување
Потребни квалификации:
• Можност да работат во тим
• Самодоверба и одговорност
• Емпатија и толерантност
• Желба да работат со млади
• Основни познавања на компјутерски програми
• Искуство со волонтирање во младински организации, планирање и спроведување активности како работилници/семинари

Во новата канцеларија во Lübeck, SHL реализира програма чија цел е да ги поддржи иницијативите на Solidarity Action Day и да овозможи меѓународна размена помеѓу младите луѓе низ цела Европа.
Волонтерите заедно со тимот се вклучени во планирањето и имплементацијата на повеќе настани, работилници и други активности.
За волонтирање во познавањето на германски јазик не е услов, но се смета за предност.

Lübeck– Регионален координатор
Обврските на Регионалните координатори ќе вклучуваат подготовка на работилници и презентации кои ќе ги држат во училиштата ширум Германија на теми „Што е Балканот?“, „Што е Сирија?“, „Зошто е важен граѓанскиот активизам таму?“ и инфо штандови за млади, нивно информирање и поттикнување на младински активизам.
Потребни квалификации се:
• Презентациски и комуникациски вештини
• Љубопитност и емпатија
• Самостојност и издржливост
• Самодоверба и одговорност
• Толеранција и сочуство
• Интерес за работа со деца и млади
• Основни технички вештини (автомобил, компјутер и сл.)
• Возачка дозвола Б категорија
• Најмалку B1 познавање на германскиот јазик

Lübeck – Координатор за кампањи
Одговорности на волонтерот за позицијата координатор за кампањи ќе бидат:
• Планирање и реализација на кампања
• Дизајн на материјали за принт, видеа и слично
• Техничка администрација на веб страна
• Работа со Фотошоп, InDesign и видео едитирање
• Продукција на видеа и содржина за социјални мрежи
Потребни квалификации:
• ИТ знаење и разбирање на неколку хадверски и софтверски апликации
• Креативност
• Тимски работник
• Сензитивност и толерантност
• Возачка дозвола Б категорија(до старт од волонтерството)

Организацијата ги покрива сите директно поврзани трошоци со волонтирањето вклучивајќи ги: сместување, патни трошоци, педагошка поддршка, месечен џепарлак, виза, здравствено осигурување, обемна програма со семинари и останати неопходни трошоци.

Начинот на аплицирање е со испраќање на следните документи:
Пополнет апликациски формулар достапен на овој линк
• Мотивациско писмо со содржина не повеќе од една или две страни. Во него објаснувате зошто одлучивте да аплицирате, од каде ви доаѓа мотивацијата и зошто токму вие сте вистинската личност за да волонтера на оваа можност
• Табеларно CV
• (Незадолжително) Сертификати, квалификации од проект, работно искуство и слично

Документите се испраќаат на мејлот [email protected]
Рок за аплицирање: февруари 16ти, 2020 г.
Подетални информации за волонтирањето за двете локации, можете да ги најдете на следниот линк: http://volunteering.shl.info
Доколку сте заинтересирани за аплицирање или имате дополнителни прашања, обратете нѝ се на [email protected]