1. Воведни информации

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2020та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Здружение на граѓани Младите можат отвора повик за комуникациски експерт или компанија која нуди комуникациски услуги, за изработка на комуникациска стратегија на проектот “Младински локални банки”. Комуникациската стратегија има за цел да обезбеди методологија, оперативен план и визуелен идентитет за промоција на проектот, во согласност со постоечката генерална комуникациска стратегија на Младите можат.

  1. Опфат на ангажманот

Стратегија за промотивната кампања на проектот

Стратегијата за кампањата треба да ги содржи следните елементи, кои ќе бидат договорени во координација со Младите можат:

  • Комуникациски цели – општа и специфични (SMART);
  • Целни јавности (млади лица од 15 до 29 години, претставници на локални власти, претставници на бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и останати засегнати страни, сегментирани според предложените активности на кампањата);
  • Употреба на дигитални и традиционални комуникациски канали (вклучително настани и други активности);
  • Комуникациски пораки (наративот, за секоја целна група посебно);
  • План за мониторинг и евалуација на стратегијата.

Оперативен план за застапување и лобирање

Оперативниот план за застапување и лобирање треба да ги предвиди активностите за (а) подигнување на јавната свест и (б) поттикнување на свеста на локалните власти за покренување и поддржување на иницијативата. Оперативниот план треба да опфаќа две сценарија: оптимално и најнеповолно сценарио во однос на ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, предвидувајќи активности кои ќе може непречено да се спроведуваат и во најнеповолното сценарио.

Како пример за активности кои може да се спроведуваат, без да се исклучуваат и други, се следните:

  • изработка на медиумски производи (блогови, влогови, подкасти, документарци, видеа, реклама, новинарски продукти – прилози, текстови, фотоприказни);
  • вклучување на влијателни лица од социјалните медиуми (влогери, инстаграмџии);
  • организирање средби и комуникација со носители на одлуки, интересни групи и политички партии;
  • медиумско партнерство;
  • герила маркетинг;
  • и друго.
  1. Потребни квалификации:

На овој повик се поканети да учествуваат агенции за маркетинг и односи со јавност или тимови од професионалци кои имаат искуство со дизајнирање и спроведување на кампањи. Агенциите можат да користат и надворешни соработници.

  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во развој на комуникациски документи
  • Запознаеност со работата на младинскиот сектор (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во слични активности или проекти)
  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот или компанијата
  • Предлог методологија за работа
  • Прилог со референци од претходно искуство
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за изработка на комуникациска стратегија.

Рок на аплицирање: 18ти октомври 2020г., 23:59.

Експертот се очекува да почне со работа од 15ти октомври 2020 г. а целиот ангажман е во периодот до 15ти ноември 2020 г.

Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]

 

*Овој повик е дел од проектот “Младински локални банки” кој има за цел да поттикне вработување на младите, давајќи им можност да ги стекнат потребните вештини, истовремено учествувајќи во развојот на локалната заедница. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти. Проектот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.