Младите можат објавуваат повик за Европски солидарен корпус (ЕСК) волонтери во Велико Тарново, Бугарија.

Во последниве години, организацијата домаќин работи главно во медиумското поле за да се подигне свесност кај младите луѓе, како од Бугарија така и од различни европски земји. Веруваат дека медиумската писменост на младите луѓе и развојот на нивното критичко размислување е круцијално, со оглед на огромниот проток на информации, лажни вести итн.

Со овие активности, ние се стремиме да дадеме волонтери и млади со кои работиме можност да се изразиме, да ги прошириме знаењата за јавни теми и прашања, да го зајакнеме погледот на медиумите како регулатор на демократските општества, да се стимулира нивниот интерес за тековни теми на современиот живот, вклучително и зајакнување на нивната европска свест.

Краткорочни цели:

Зајакнување на граѓанската култура на младите како резултат на искуството и работа во веб-медиумите – радио и телевизиски преноси и извештаи; Дисеминација за демократски и европски вредности; Претставување на медиумите како инструмент на граѓанското општество;

Обезбедување простор за изразување, споделување на мислења и перспективи на теми и прашања на младите од целната група на организацијата;

Постигнување до поголем круг млади луѓе директно вклучени во работата на организацијата

Долгорочни цели:

  • Развивање на веќе постоечна интернет радио станица во неколку градови
  • Креација на неформално ТВ студио во Велико Трново, како додадотк на веќе постоечката радио станица, со фокус на млади и нивниот културен живот, едукација, спорт итн
  • Инклузија за интернет и дигитални алатки за младинска работа

Проектот започнува од 01 ноември 2019 до 31 август 2020 односно 10 месеци. На овој проект ќе учествуваат 4 волонтери од 3 држави.

„Да се биде волонтер во Сливен е прекрасно искуство. Еден месец сум веќе тука а запознав извонредни луѓе од кои може многу да се научи. Од сите искуства и авантури кои ги имам за овој месец имам чувство дека веќе сум тука една година. Ве охрабрувам да аплицирате на повикот, јас ќе бидам тука да ви помогнам во било кое време.“ – Лидија, ЕВС волонтер

Младите можат ќе испрати волонтер/и на проектот во кој учествуваат и волонтери од Бугарија и Латвија. Dream of romance, flowers and space е долгогодишен партнер на Младите можат каде минатата година волонтираа 2 волонтери.

Организацијата ви овозможува сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по бугарски јазик. Како дел од проектот ќе имате можност да патувате за време на викендите како и да бидете дел од активностите кои тие ги организираат.

Целосниот инфо пакет можеш да го најдеш на овој Info-pack.

Начинот на аплицирање е со испраќање на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на [email protected] најдоцна до 01.10.2019.