Дали имаш желба да работиш на екологија и одржлив развој? Дали си заинтересиран да работиш во организација во странство?

Младите Можат распишува повик за тримесечен ЕВС во Ловеч, Бугарија. Почнувајќи од 1 Март па се до 31 Мај ќе имате можност да работите како еден од четирите волонтери кои ќе работат  во Еcomission 21st Century.

Доколку си на возраст од 18- 29 години, имаш добро познавање на англискиот јазик, заинтересиран си да работиш на тема екологија и одржлив развој и имаш желба да направиш позитивен импакт во општеството, тогаш си одличен кандидат за проектот “Environmental education of young people and sustainable development.

Целта на самиот проект е подобрување на еколошкото знаење и стекнување практични вештини во областа на одржлив развој и промоција на добри практики поврзани со еколошкото образование.

Проектните активности вклучуваат теми поврзани со екологија и одржлив развој каде преку презентации и практични примери ќе имате можност да работите со деца од 3 градинки и 3 училишта во околината на Ловеч, Бугарија.

Организацијата ви овозможува сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по бугарски јазик. Како дел од проектот ќе имате можност да патувате за време на викендите како и да бидете дел од обуките кои тие ги нудат.

Сите заинтересирани можат да ни испратат CV и мотивациско писмо најдоцна до 20.01.20178 на [email protected].