1. Воведни информации

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2020та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Здружение на граѓани Младите можат отвора повик за графички дизајнер во рамки на проектот Младински локални банки.

  1. Опфат на ангажманот

Визуелниот идентитет треба да вклучува креативни решенија за:

  • лого и слоган/и (до 15ти ноември 2020г.)
  • визуелен идентитет на просторот посветен на веб-страниците и социјалните мрежи на Младите можат за проектот (до 30ти ноември 2020г.)
  • графички дизајн – постер, урнеци за документи и презентации, итн (тековно, за времетраење на проектот)
  • дизајн за интернет продукти – веб банер / гиф, насловна слика и објави на социјални медиуми, инфографици, итн. (тековно, за времетраење на проектот)
  • дизајн на промотивни материјали – торба, чаша, пенкало, тефтер, папка, итн. (до декември, 2020г.)

Дополнително, ангажманот на графичкиот дизајнер предвидува дизајнирање на публикација од околу 30тина страници, преку која ќе се претстави наодите од спроведеното истражување за предизвиците со кои се соочуваат младите на локално ниво и собраните податоци во периодот на имплементација на проектните активности. Публикацијата ќе биде потребно да содржи креативни илустрации кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги презентираат наодите од истражувањето. Публикацијата треба да биде прилагодлива за споделување на социјални медиуми и за печатење, изработена во адекватен формат, изработена најдоцна до крајот на декември 2020г.

Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот координатор, кој ќе ги селектира подготвените наоди, препораки и информации. Задача на избраниот кандидат е да развие начин за креативно претставување на наодите од спроведеното истражување.

  1. Потребни квалификации:

На овој повик се поканети да учествуваат агенции за маркетинг и односи со јавност или тимови од професионалци кои имаат искуство со графички дизајн. Агенциите можат да користат и надворешни соработници.

  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во дизајнирање на материјали и публикации
  • Запознаеност со работата на младинскиот сектор (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во слични активности или проекти)
  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот или компанијата
  • Предлог методологија за работа
  • Прилог портфолио со референци од претходно искуство
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за графички дизајн

Рок на аплицирање: 18ти октомври 2020г., 23:59.

Експертот се очекува да почне со работа од 25ти октомври 2020 г. а целиот ангажман е предвиден да се одвива тековно за времетраењето на целиот проект, до 01ви септември 2021г, по претходен усогласена временска рамка со Младите можат.

Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]

 

*Овој повик е дел од проектот Младински локални банки кој има за цел да поттикне вработување на младите, давајќи им можност да ги стекнат потребните вештини, истовремено учествувајќи во развојот на локалната заедница. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти. Проектот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.