„Идентификувај Инспирирај Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Во рамките на проектот Младински локални иницијативи, поточно во неговата прва фаза „Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе во Кочани и Велес се соочуваат“, Младите можат има потреба од ангажирање на надворешен соработник – истражувач. 


Целта на истражувањето е преку теренски анкети и фокус групи да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во двете општини соодветно. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на тримесечни локални младински иницијативи за застапување.

Истражувачот се очекува да почне со работа од 25ти септември 2018 г. а целиот ангажман е во периодот од тогаш до декември 2018 г.

Ангажманот на истражувачот предвидува:            
– Изработка на методологија за истражување во двете таргетирани општини на проектот
– Подготовка на прашалник за теренски анкети
– Подготовка на прашалник за фокус групи
– Подготовка на насоки за анкетари при реализација на теренските анкети
– Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од теренските анкети
– Статистичка анализа и подготовка на заклучоци од добиените податоци од фокус групите
– Сумирање на добиените резултати и заклучоци во форма на публикација
– Подготовка и доставување на финален извештај за завршената работа со проектниот тим

Потребни квалификации:      
Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во спроведување на истражувања и анализи на податоци;
– Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти)
– Високо развиени аналитички вештини;
– Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
– Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
– Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
– Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Начин на аплицирање: Со доставување на CV на англиски јазик на [email protected] со предмет „Апликација за истражувач на проектот Младински локални инцијативи

Рок на аплицирање: 21ви септември, 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е во тек до декември 2019 г. и е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).