Не е секогаш лесно да објасниме како се чувствуваме…Зарем не?
Нашите емоции, чувства, погледот кон нештата, па дури и кон самите себеси… Тие постојано се менуваат. Како би опишал што значи да бидеш ти? Или што се случува во твојата глава?

Што е ментално здравје? Што е потребно за да го негуваш твоето ментално здравје?

Младите можат ти овозможува да учествуваш на целогодишна програма за личен развој и промоција на потребата од грижа за менталното здравје.

Целта на проектот YOU(th) CAN DO IT BETTER! е да им понуди на младите платформа за личен и професионален развој, себеспознавање, себереализација и станување на најдобрата верзија од себеси. Да им овозможи да станат способни и решителни млади луѓе кои се справуваат со секојдневните предизвици со кои животот не напаѓа, да се развијат во агенти на позитивни промени, односно да станат врснички едукатори кои гласно ќе зборуваат за важноста на негувањето на нашето ментално здравје.

Како ќе го постигнеме сето ова?

  • Тримесечна програма за личен и професионален развој – шест модули на обуки на коишто директно ќе работиш на своите јаки и слаби страни и ќе се запознаеш себеси, плус обуки наменети за развој на практични вештини (февруари – април 2019)
  • Спроведување на истражување за ментално здравје низ средните училишта во Скопје (април-мај 2019)
  • Присуство на четири дневен камп за активни членови за стекнување на знаења за ментално здравје и креирање на дисеминаторска програма за ментално здравје (четири дена на планина или покрај езеро дружејќи се со цел тим на Младите можат) – јуни 2019
  • Ќе станеш врснички едукатор на теми поврзани со менталното здравје, наредната учебна година ќе можеш да го пренесеш стекнатото знаење со останатите средношколци (септември – декември 2019)
  • Ќе имаш искусен ментор со кој ќе работиш постојано и ќе ти помага за се што е потребно (цела 2019 година)

Како да бидеш дел од проектот?

Едноставно е. Се што треба е да бидеш активен член на Младите можат (да имаш пополнета пристапница и уплатено членарина за 2019 година).

Доколку се уште не си член на Младите Можат, а проектот ти звучи привлечно, не грижи се, се уште имаш шанса да станеш активен член со пополнување на следнава пристапница.

Дознај повеќе за активното членство на Младите можат на овој линк.
Тимот на Младите можат те очекува да ни се приклучиш!

Предност при изборот ќе добиеш според:

  • твојата досегашна ангажираност во заедницата,
  • заинтересираност и желба за работење на темата ментално здравје,
  • желба и подготвеност за лично надоградување,
  • можноста за учество во сите активности од проектот, ангажираност цела година.

Како да се пријавиш? – Со пополнување на следниот апликациски формулар.

Рокот за пријавување истекува на 06.02.2019 (13:00).

За дополнителни информации обрати се на [email protected] или на 078-313-931

*Проектот YOU(th) CAN DO IT BETTER! е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, со поддршка од најголемата германска фондација за млади Schuler Helfen Leben.