Младински работник си? Сакаш да ги зголемиш капацитетите за работа со млади на темите лидерство, социјално претприемништво и врсничка одговорност? Доколку одговорот е позитивен, овој повик е за тебе!  Младите можат ќе испрати 4 учесници на тренинг „Inspire – social innovation & leadership“ кој ќе се одржи од 12 до 25ти ноември 2019 во Slettestrand, Данска.

Тренингот е наменет за младински работници со 3 цели:

  • Да ги засили капацитетите на младинските работници за промоција на општествена иновација и претприемништво меѓу младите.
  • Да ги поддржи младинските работници во развивање на младите во поглед на лидерство и врсничка одговорност
  • Да ја засили мрежата меѓу младински организации во Европа се со цел поголема кохезија меѓу младите.

По тренингот, младинските работници ќе можат да развиваат лидетство, креативност и иновација меѓу младите како и да бидат поддршка на младите во нивните социјални претприемачки иницијативи.

Критериуми за учество се:

  • над 18 години
  • директна одговорност во работа со млади
  • одлично познавање на англиски јазик
  • да можат да учествуваат на целиот тренинг
  • организирање на настан за дисеминирање
  • да ја разберат и да се согласуваат со декларацијата за учество

Доколку си заинтересиран/а, можеш да аплицираш на линкот до 23.09.2019та до 23:59 часот. Повеќе информации можеш да најдеш во Call for Participants.

Размената е финансирана од страна на Еразмус + програмата. Организаторот на оваа размена обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Данска – Македонија) до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување).

Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].