„Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој ги обединува сите млади со една цел. Ден кога ќе стекнете искуство за работата којашто отсекогаш сте ја посакувале, а истовремено ангажирајќи се во заедницата за овозможување на подобра положба на младите во земјата.

Дали ова ти звучи познато?

Тоа е реченицата со која минатата година го најавиваме првиот Social Day во нашата земја, алатка којашто целиме во наредните 5 години да стане препознатлива за младите на национално ниво и да овозможи општество во кое младите се лидери на сегашноста и иднината.

Но, што е Social Day или низ Европа познат како Solidarity Action Day?

Идејата е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно 500 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава. Целта на Social Day е да се воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови, да инспирира активно граѓанство и општествен развој воден од млади, тоа е влијателен инструмент кој овозможува пристап до политичка едукација и креира фонд за младински иницијативи.

Како организација целиме да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека  можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството. Младите се катализатори на промени чиј потенцијал треба да се охрабрува, пред се од нивните заедници. Нашата мисија е да ги подготвиме младите за лична позитивна трансформација, да придонесеме кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество. Преку програмата за имплеметација на Social Day сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните работници кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите. Веруваме во млади коишто размислуваат глобално, но делуваат локално, млади кои имаат развиено чувство за солидарност, млади кои го инвестираат своето време за подобрување на состојбите во својата заедница, млади кои веруваат во одржлив свет.

Како ќе го реализираме?