Дали сте слушнале за ,,Job Shadowing”?

Тоа е името дадено на можноста за набљудување или “сенчење” на некој што ја извршува својата работа. Job Shadowing може да биде едночасовна посета со едно лице, до продолжен еднонеделен престој што овозможува интеракција со голем број вработени и следење на различни активности.

Зошто би оделе на Job Shadowing?

Младите многу често избираат кариера без идеја за тоа како изгледа работата ден за ден и дали утре ќе сакаат да го работат тоа. Уште полошо, ќе се запишат на факултет и после месец-два ќе дознаат дека не ги интересираат предметите кои ги учат, завршувајќи со изгубена година.

Поради тоа, тим во рамките на активното членство на Младите можат, реши барем малку да им го олесни изборот за понатамошно образование и кариера на средношколците. За таа цел ви нудиме инфо сесии во вашите школи каде подобро ќе ве запознаеме со концептот на job shadowing, а потоа ќе ве поврземе со неколку фирми и компании каде што ќе може да одите на Job shadowing и да добиете реална слика за работната позиција што ве интересира.

Придобивките од вршење на Job Shadowing се очигледни:
– Ќе добиете шанса да видите некој кој работи нешто што ве интересира вас.
– И бидејќи се наоѓате на место на работа, можете да видите со свои очи како е да се биде на работното место, да искусите дали ќе сакате да го работите тоа.
– Ова ќе ви даде увид во културата на работното место, нормите и динамиката.
– И на врвот од набљудувањето, најверојатно, ќе добиете шанса да поставите прашања за да можете да дознаете повеќе за тоа што најмногу ве интересира.

За крај, ќе организираме настан на кој ќе го презентираме концептот на Job shadowing, неговите бенефити и нужноста од ваков концепт во нашето образование, на пошироката јавност.

Крајната цел – Job shadowing да стане практика достапна за се поголем број средношколци и студенти.

*Иницијативата е имплементирана од страна на 8 активни членови на Младите можат.